Дописници МКДОпштински вести

Во болницата во Дебар пристигна нова пратка од 150 вакцини од „Синофарм“

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар денеска пристигна нова пратка од 150 дози вакцини од „Синофарм“.

Дебар, 11 мај 2021 (МИА) – Во Општата болница со проширена дејност во Дебар денеска пристигна нова пратка од 150 дози вакцини од „Синофарм“.

-Продолжуваме со зацртаната динамика со имунизацијата на лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои аплицирале по електронски пат и имаат добиено датум за вакцинација. Вакцинацијата се одвива во модуларната болница, која е во кругот на болницата и тоа од 8 до 13 часот, изјави за МИА, Љуљзим Стрикчани, лекар специјалист од Службата за вакцинација.

Посочи дека претходно се вакцинирани 500 лица од кои 200 со вакцини од „Астра Зенека“, со кои беа имунизирани лица повозрасни од 70 години, додека од петти овој месец останатите 300 лица со вакцини на „Синофарм“.

Според доктор Стрикчани, не се забележани потешки нуспојави освен кај тројца од вакцинираните кои имале зголемена телесна температура.

Што се однесува до опфатеноста на жителите од двете општини со вакцинацијата против Ковид-19 уште околу 300 лица се вакцинирани во пунктовите во Скопје, пред се во салата „Борис Трајковски“. Станува збор за здравствени работници, воспитувачки од детската градинка, новинари, вработени во Одделението за внатрешни работи и други институции, кои веќе ги имаат примено и двете дози.

Меѓу жителите од двете општини, како што информираат надлежните, владее голем интерес за вакцинација.

Во меѓувреме епидемиолошката состојба се оценува како стабилна. Во последните пет дена нема новозаболени, а во изминатите 11 дена регистрирани се пет нови случаи, оздравеле 22, а во последното деноноќие едно лице починало. вт/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close