Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Богородица се уредуваат зелени површини

авното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, откако изврши бетонирање на крак од улицата до подрачната општинска зграда во село Богородица денеска почна акција за хортикултурно уредување на просторот околу зградата.

Гевгелија, 3 јули 2020 (МИА)  – Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, откако изврши бетонирање на крак од улицата до подрачната општинска зграда во село Богородица денеска почна акција за хортикултурно уредување на просторот околу зградата.

Од општината појаснија дека со помош на механизацијата на комуналците прво ќе се израмни просторот кој е цел на уредување, потоа ќе се засади нов тревник, ќе се инсталира ново осветлување, урбана опрема и ќе се постават играчки за деца.

Во центарот на населеното место, во близина на црквата, се уредува уште еден јавен зелен појас со нова трева.Таму,велат од општината,веќе се поставени нови клацкалки и лулашки за деца, а по средувањето на паркот ќе се постават клупи за седење,канти за ѓубре и фонтана со вода за пиење.

Акцијата се спроведува согласно програмата за комунално уредување на јавни површини со обезбедени буџетски средства на општина Гевгелија за 2020 година.им/лв/

Back to top button
Close
Close