Дописници МКДОпштински вести

Во Богданци ќе се реконструираат седум градски улици

Во рамки на проектот за поврзување на локални патишта, кој е финансиран од заем на Светската банка, во Богданци ќе се спроведат активности за реконструкција и санација на седум локални улици преку два тендера,потврдија денеска од Општината.

Гевгелија,1 март 2021 (МИА) – Во рамки на проектот за поврзување на локални патишта, кој е финансиран од заем на Светската банка, во Богданци ќе се спроведат активности за реконструкција и санација на седум локални улици преку два тендера,потврдија денеска од Општината.

Со првиот тендер ќе се реализираат активностите на улиците ,,Мирче Џочков“, „Браќа Миладинови“, „Мирка Ѓинова“, „Кочо Рацин“, „10 Октомври“ и „Ѓуров дол“, а со вториот тендер ќе бидат опфатени активностите за санација и уредување на улицата „Крушевска“ со должина од 1318 метри.

За таа цел, градоначалникот Блаже Шапов оствари средба со граѓани кои живеат на улицата „Крушевска“ и други заинтересирани чинители од оваа улица кои беа детално запознаени со градежните активности што ќе се реализираат на оваа улица.

–Заедно констатиравме и се согласивме дека реконструкцијата на оваа улица е приоритет, како за граѓаните кои живеат на неа, така и за сите други жители на општината Богданци и пошироко затоа што по примената на новиот сообраќаен режим улицата „Крушевска“ ќе има зголемена сообраќајна фреквенција, рече Шапов.

За реализација на предвидените проектни активности, Владата на РСМ на општина Богданци и додели околу 600.000 евра. им/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close