0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

Во близина на Штип фатени 17 мигранти

Во близина на Штип утринава откриени се 17 мигранти. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека мигрантите, кои нелегално се движеле во близина на Штип се фатени од страна на полициските службеници на Регионалниот центар-Исток и се однесени во прифатниот ценатар во Гевгелија. Мигрантите утринава се забележани во неколку групи во близина на градските гробиша во Штип и во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш. Во овој случај нема случај на криумчарење на мигранти, односно не се движеле со помош на шверцери.

Штип, 4 март 2020 (МИА) – Во близина на Штип утринава откриени се 17 мигранти. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека мигрантите, кои нелегално се движеле во близина на Штип се фатени од страна на полициските службеници на Регионалниот центар-Исток и се однесени во прифатниот ценатар во Гевгелија. Мигрантите утринава се забележани во неколку групи во близина на градските гробиша во Штип и во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Тоа не е случај на криумчарење на мигранти, односно не се движеле со помош на шверцери.

Во рок од осум дена ова е трет случај на фатени мигранти во близина на Штип. Во првиот случај се фатени 40 мигранти, кај штипското село Лакавица, вториот случај беше на 1 март во недела, кога полицијата и Регионалниот центар Исток во близина на штипската населба Три Чешми во камион фатија 78 мигранти, а двајцата шверцери беа лишени од слобода. Во рок од осум дена во близина на Штип се фатени вкупно 135 мигранти. вдј/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close