БалканБалкан.Портал

Во близина на Анкара мирни демонстрации на адвокатите

Претседателите на неколку турски адвокатски асоцијации од различни градови денеска зпочнаа мирни демонстрации, откако полицијата ги блокираше да стигнат до главниот град Анкара.

Анкара, 22 јуни 2020 (МИА)Претседателите на неколку турски адвокатски асоцијации од различни градови денеска зпочнаа мирни демонстрации, откако полицијата ги блокираше да стигнат до главниот град Анкара.

Шефовите на адвокатските комори тргнаа од различни градови кон Анкара во знак на протест против владините планови за измена на законите што ги регулираат адвокатите и нивните здруженија, вклучително и начинот на кој тие избираат претседатели на регионални здруженија.

Адвокатите велат дека измените се насочени кон намалување на бројот на здруженија, од кои голем дел се остри критичари на Владата на Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата ја блокираше групата на главниот автопат што води кон градот, а на кратко избувнаа судири меѓу адвокатите и полицајците. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close