0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вести

Во Битола стапуваат на сила препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг.

Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) – Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг.

-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 163 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2, соопшти МЖСП.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Битола има епизода на алармантно загадување на воздухот.

Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, во Битола стапуваат на сила краткорочните препораки и мерки во случај на надминат праг на алармирање, соопшти МЖСП. нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close