Дописници МКДОпштински вести

Во Битола со општински пари се реконструира СОТУ „Ѓорги Наумов“

Со финансиска поддршка на Општина Битола, односно со буџетски средства во висина од 560.000 денари, се реконструира дел од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во овој град.

Битола, 21 мај 2020 (МИА) – Со финансиска поддршка на Општина Битола, односно со буџетски средства во висина од 560.000 денари, се реконструира дел од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во овој град.

За време на денешниот увид на реконструктивните зафати, градоначалничката Наташа Петровска беше информирана дека санацијата на санитарните јазили во училиштето се врши по застој од три децении.

Со вложените средства ќе се изврши обновува на санитарните јазли, се поставуваат нови тоалети и се санира целосниот ентериер со нови плочки и дополнителна опрема.

Во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ наскоро ќе се изврши и реконструкција на покривот на училиштето и замена на дограмата за што средства се обезбедени преку донација на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а проектот ќе го кофинансира Општина Битола за што договор постигнале градоначалничката Петровска и бугарскиот конзул Димитар Иванов. мт/нд/

Back to top button
Close
Close