0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

Во Битола се одржа научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“

Националната установа Центар за култура и Македонско научно друштво-Битола одржаа стручно-научен собир со наслов „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ и промовираа зборник на трудови посветен на два големи јубилеи, 60. години МНД-Битола и 50. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Битола, 29 јули 2020 (МИА)Националната установа Центар за култура и Македонско научно друштво-Битола одржаа стручно-научен собир со наслов „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ и промовираа зборник на трудови посветен на два големи јубилеи, 60. години МНД-Битола и 50. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Според професор д-р Даниела Андоновска Трајковска, во трудовите доминира историскиот пристап со кој се прави хронолошки преглед за почитувањето на народната традиција и култура, како и поставеноста на важни институции во општеството кои долги години имаат значајна улога во зачувувањето на македонскиот фолклор.

-Фестивалот со својата стручно-научна и апликативна дејност, организирањето на серија семинари и едукативни активности за традиционалната музика и игра, преку различни промотивни активности во кои се вклучени и граѓани од сите возрасти, потоа изложбите и работилниците, коцерти…но и со својата издавачка дејност, Фестивалот пет децении обезбедува развој, проучување, мобилизација, актуелизација и дисеминација на македонскиот фолклор на нашите простори и пошироко, нагласи промоторот Андоновска Трајковска.

Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ на кој учествуваа 18 автори, предизвика широк интерес за стручната и општата јавност и мотивира потенцијални учесници и читатели, порачаа организаторите на денешниот академски настан во Битола.

-Соработката меѓу институциите е една од најубавите работи и таа генерира нова енергија. Многу членови на МНД-Битола биле со фестивалот „Илинденски денови“ и обратно, а првиот конкретен заеднички настан датира од 1980 година кога тогашните генерации на голем научен собир презентирајќи ги своите трудови ја изработија содржината на еден Зборник-учебник кој може да го користат етнолози, етнокореолози, етнолузиколози и други стручни лица. Добро е што по 40 години се возобновува пристапот низ стручно-научен собир и со публикација се придонесува за фолклорот и етнологијата, истакна м-р Валентин Соклевски, втор промотор на зборникот.

Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година.мт/вг/

Back to top button
Close
Close