Дописници МКДОпштински вести

Во Битола се одржа форум за социјална инклузија

Во рамки на програмата за „Зајакнување на општинските совети“ денеска во Битола се одржа прва форумска сесија за социјална инклузија.

Битола, 26 февруари 2020 (МИА)Во рамки на програмата за „Зајакнување на општинските совети“ денеска во Битола се одржа прва форумска сесија за социјална инклузија.

Станува збор за серијал од пет форумски сесии на кои ќе се предлагаат идејни проекти, а избраните ќе бидат финансирани со 50 илјади швајцарски франци, истакна градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

-На петтата форумска сесија ќе биде избран проектот или проектите што ќе треба да бидат имплементирани. Општина Битола ќе овозможи законска легислатива за да се овозможи подобрување на социјалните услуги на граѓаните. Ова е најдемократскиот начин, во кој се вклучени граѓаните и кои низ партнерски однос со локална самоуправа ги реализираат своите потреби, посочи Петровска.

Со средства од обезбедениот грант ќе бидат финансирани минимум еден, а максимум три проекти предложени и избрани на форумските сесии.

-Проектот има неколку значајни компоненти, едната е што на фер и демократски начин граѓаните можат да учествуваат во креирањето на локалните политики, втората е што неколку викенди со ред советниците учествуваат на локални обуки за зајакнување на локалните совети, и третата е што се дава транспарентност на целиот процес, изјави  Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Програмата се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП. мт/вг/

Back to top button
Close
Close