Дописници МКДОпштински вести

Во Битола порибена вештачката акумулација „Стрежево”

Јавното претпријатие „Стрежево”-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација изврши порибување со рибин подмладок на крап и пастрмка.

Битола, 11 мај 2021 (МИА) – Јавното претпријатие „Стрежево”-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација изврши порибување со рибин подмладок на крап и пастрмка.

Активноста е реализирана согласно Законот за рибарство и аквакултура, односно редовно порибување на акумулацијата „Стрежево” со подмладок од крап и пастрмка со околу 500 килограми од двата вида.

-Наша цел е зачувување и заштита на автохтоните видови риби, како и одржување на популацијата на рибите во акумулација Стрежево. За регулирање на активностите при порибувањето се грижеа сите релевантни субјекти кои присуствуваа, односно претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство, овластената установа – изработувач на Риболовната основа, репроцентарот Акватика, риболовни здруженија, заинтересирани граѓани, и се разбира надлежните лица на концесионерот, ЈП „Стрежево” – Битола. Во време на големи предизвици, Стрежево продолжува по трасираниот пат, со принципиелна и посветена работа обезбедуваме соодветени решенија кои ќе бидат усогласени преку континуирани технички политики, а фокусот на сите нив води кон заштитата и унапредувањето на животната средина и квалитетот на нашите услуги, истакна по завршувањето на порибувањето, генералниот директор на ЈП „Стрежево“-Битола, Методија Граматковски. мт/рп/

Back to top button
Close
Close