0_Македонија.ПорталДописници МКД

Во Битола почна ревакцинација, а продолжува и вакцинацијата на населението

Во регионалниот вакцинален центар во Битола почна ревакцинација на лицата кои претходно се вакцинираа со вакцината Фајзер.

Битола, 17 мај 2021 (МИА) – Во регионалниот вакцинален центар во Битола почна ревакцинација на лицата кои претходно се вакцинираа со вакцината Фајзер.

Организирано и со меѓусебна соработка на здравствените власти и логистика од претставници на армијата и Црвен крст, граѓаните непречено се ревакцинираат, а паралелно се одвива и процесот на имунизација со вакцината Синофарм, која досега во пунктот во Битола ја добиле 9.589 лица.

Регионалниот вакцинален центар во Битола е сместен во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде освен солидни услови за вакцинација има и паркинг за возила, клупи за одмор и други погодности. мт/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close