0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Во Битола отворена изложба „Традиционални носии од Балканот“

 Ансамбл „Македонија“-Скопје во битолскиот Музеј презентира изложба со наслов „Традиционални носии од Балканот“, културен настан кој е во рамки на јубилејното издание на Фестивалот „Илинденски денови“.

Битола, 27 јули 2020 (МИА) – Ансамбл „Македонија“-Скопје во битолскиот Музеј презентира изложба со наслов „Традиционални носии од Балканот“, културен настан кој е во рамки на јубилејното издание на Фестивалот „Илинденски денови“.

На јавноста и се достапни дел од народните носии од балканските простори, а со дел од изложените народни носии Ансамбл „Македонија“ настапува на концерти во државата и странство, истакна раководителот на тој ансамбл, професорот Владимир Јаневски.

-Нашата цел е да прикажеме повеќе типови на носии од Балканот како што се панонската носија, јадранскиот тип на носии, моравскиот и вардарскиот тип на носии. Но, на изложбата се презентирани и носии според државите на Балканот и затоа освен од нашата, тука се носиите од Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Хрватска…и различни типови на носии од различно поднебје кои предизвикуваат посебно внимание, посочи Јаневски.

Ансамблот „Македонија“-Скопје вечер во пациото на битолскиот Музеј ќе приреди концерт со традиционална музика и игра.мт/см/

Back to top button
Close
Close