Дописници МКДОпштински вести

Во Битола од денеска јавен автобуски превоз само до 17 часот

Од утрово во сила е одлуката на Општина Битола со која организираниот јавен автобуски превоз во градот ќе функционира само до 17 часот.

Битола, 13 март 2020 (МИА) – Од утрово во сила е одлуката на Општина Битола со која организираниот јавен автобуски превоз во градот ќе функционира само до 17 часот.

Редовните сообраќајни линии овластените автобуски превозници ќе ги одржуваат до 17 часот, со што Општина Битола продолжува со примената на владините мерки за превенција од ширење на вирусот Ковид-19.

– Оваа мерка ќе овозможи доволно време за сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства, а возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз, посочуваат од битолската локална самоуправа.

Општина Битола ги извести сите автотакси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат такси возилата. мт/сп/

Back to top button
Close
Close