0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.Портал

Во Битола изложба „Куќи за сонување и соништа“ од авторот Слободан Рајчевски

Националнта установа Центар за култура-Битола организира изложба, избор уметнички дела на авторот Слободан Рајчевски.

Битола, 10 септември 2020 (МИА) – Националнта установа Центар за култура-Битола организира изложба, избор уметнички дела на авторот Слободан Рајчевски.

Изложбата од циклусот уметнички дела на Рајчевски ќе биде поместена во културниот центар Магаза, каде е закажано вечерашното свечено отворање што ќе почне во 20 часот.

Од НУ Центар за култура-Битола посочуваат дека летните културни настани во нивна организација не запираат и сите се со почитување на протокол за заштита од Ковид-19.мт/см/

Back to top button
Close
Close