Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во БиХ има седум до осум илјади мигранти

Според податоците на Службата за надворешни работи, во БиХ во моментов има меѓу 7.000 и 8.000 мигранти, односно на последниот ден од јуни биле регистрирани 6.641, а од таа бројка само 162 лица побарале азил во БиХ, пренесува сараевскиот портал Кликс.

Сараево, 10 септември 2020 (МИА) – Според податоците на Службата за надворешни работи, во БиХ во моментов има меѓу 7.000 и 8.000 мигранти, односно на последниот ден од јуни биле регистрирани 6.641, а од таа бројка само 162 лица побарале азил во БиХ, пренесува сараевскиот портал Кликс.

Повеќето од нив се од Пакистан, 26,9 проценти, потоа од Авганистан 26,3 проценти, Мароко 15 проценти, Бангладеш 6,1 процент и Ирак 5,8 проценти. Од други држави се 19,9 проценти.

Како одговор на пратеничко прашање, Службата соопшти дека најголемиот проблем со кој се соочуваат е што мигрантите немаат документи за идентификација, што го отежнува утврдувањето на нивниот идентитет.

Во таква ситуација, велат тие, Службата им зема биометриски податоци и ги фотографира, по што инспекторите ги утврдуваат начините за влез и престој во земјата. ссм/

Back to top button
Close
Close