Дописници МКДОпштински вести

Во Берово започнаa активности од проектот „Возврати со љубов, грижа и почит“

Во Берово започнаа активностите за реализација на проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”. За таа цел како што информираа од Општината се одржа првиот состанок со давателите на услугите кои ќе се грижат за шеесет стари лица од беровскиот регион.

Берово, 4 март 2021 (МИА) – Во Берово започнаа активностите за реализација на проектот „Возврати со љубов, грижа и почит”. За таа цел како што информираа од Општината се одржа првиот состанок со давателите на услугите кои ќе се грижат за шеесет стари лица од беровскиот регион.

– Како дел од овој проект се вклучени вкупно 23 ангажирани лица, од кои 1 проектен координатор, 1 асистент на проектниот координатор, 1 возач и 20 даватели на услугата. Истите имаа задолженија во период од два месеци да се грижат за вкупно 60 лица од градот Берово, истакнаа од Општината.

Во рамки на денешниот состанок проектниот координатор Биљана Марковска, изврши кратка презентација на проектот и воспоставувањето на услугата, а од страна на директорот на старскиот дом ,,др. Иван Влашки”, Живка Каламадевска беше образложен начинот на кој ќе се реализира обуката за нега и грижа на стари лица.

За градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски за успешна реализација на проектот потребно е сите даватели на услугата да дадат максимум во грижата на старите лица, а притоа крајните корисници да бидат задоволни, како проектот би се покажал како успешен и соработката понатаму да продолжи.

Состанокот беше завршен со консултации за почеток на обуките, а на присутните им беше поделен Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот. вс/оџ/

Back to top button
Close
Close