Дописници МКДОпштински вести

Во Берово вечерва ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Во Берово вечерва ќе се спроведе првата теристичка дезинсекција против комарци. Поради ова од општината апелираат до населението во периодот помеѓу  21:30 до 00:30 часот да не се излегува надвор од своите домови.

Берово, 16 јуни 2021 (МИА) – Во Берово вечерва ќе се спроведе првата теристичка дезинсекција против комарци. Поради ова од општината апелираат до населението во периодот помеѓу  21:30 до 00:30 часот да не се излегува надвор од своите домови.
– Сакаме да го известиме населението од подрачјето на Општина Берово дека согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, денеска (среда) во периодот од 21:30 до 00:30 часот, ќе се  спроведе прва фаза од теристичката дезинсекција, со цел уништување на  комарците. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори, информираат од општината.
Со активноста според планираното, како што додадоа, ќе бидат опфатени посточеките водотеци, како и зелените површини во градот.
– За реализација на теристичката дезинфекција ќе се користи соодветен препарат кој ќе се распрскува со соодветна апаратура поставена на теренско возило. Во случај на неповолни временски услови, истата се одложува за нареден поволен ден, посочија од општината.
Оттаму потенцираат дека вакви активности ќе бидат спроведени повеќе пати во текот на летото. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close