Дописници МКДОпштински вести

Во Берово се одржа третата форумска сесија во рамки на проект ,,Зајакнување на општинските совети”

Околу четириесетина учесници денеска во Берово разработуваа проектни идеи во рамки на третата форумска сесија, како дел од проект „Зајакнување на општинските совети“. 

Берово, 14 август 2020 (МИА) – Околу четириесетина учесници денеска во Берово разработуваа проектни идеи во рамки на третата форумска сесија, како дел од проект „Зајакнување на општинските совети“.
Како што информираше Билјана Каламадевска од општина Берово во рамки на сесијата беа спроведени анализи на вкупно пет проблемски теми од областа на социјална заштита.
-Како дел од областа за социјална заштита се разгледуваа можностите за изградба на инклузивни игралишта, доградба и адаптација на просторија за продолжен престој за лицата со посебни потреби, доградба на детската градинка, изградба на лифт на општинската зграда и поставување на фотоволтаици на зградата на пензионерски дом, истакна Билјана Каламадевска.
Таа додаде дека на последната четврта форумска сесија, која ќе се одржи на 25 август, присутните ќе имаат можност да изгласаат кој е најприоритетен од вкупно четири проекти, кои со мнозинство од присутните на проектниот форум, беа изгласани да продолжат во понатамошна фаза.
Проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“ е финансиски поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка. Имплементиран е од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women. вс/мд/

Back to top button
Close
Close