Дописници МКДОпштински вести

Во Берово продолжуваат активностите за расчистување на дивите депонии

Општина Берово и во 2021 година продолжува со активностите за расчистување на дивите депонии. За таа цел како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, општината преку медиумски кампањи и засилена инспекциска контрола, ќе ја развива свеста за штетноста од постоечките диви депонии во градот и селските средини. Поради ова Пекевски упати апел до несовесните граѓани да се воздржуваат од фрлање отпад на несоодветни локации.

Берово, 2 февруари 2021 (МИА) – Општина Берово и во 2021 година продолжува со активностите за расчистување на дивите депонии. За таа цел како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, општината преку медиумски кампањи и засилена инспекциска контрола, ќе ја развива свеста за штетноста од постоечките диви депонии во градот и селските средини. Поради ова Пекевски упати апел до несовесните граѓани да се воздржуваат од фрлање отпад на несоодветни локации.

-Со поддршка и иницијатива на дел од граѓаните, во изминатиот период имавме акции преку социјалните мрежи, преку кои се потенцираше присуството на диви депонии во општината. Кон крајот на минатата година почнавме со чистење на депониите онолку колку што ни дозволија временските услови. Остануваат две поголеми депонии за расчистување, за кои е потребна крупна механизација и подобра организација, се со цел, за неколку дена истите да бидат исчистении, истакна Пекевски.

Расчистувањето на дивите депонии. како што додаде градоначалникот на Берово е процес кој започнал со реализација пред три години и според неговите најави ќе продолжи и во наредниот период.

-Во тој поглед нема да застанеме, се надеваме дека паралелно ќе ги реализираме предвидените кампањи и секако со засилена инспекциска контрола, се со цел да ги изнајдеме тие несовесни граѓани, за да Берово како општина го задржи епитетот за една чиста здрава животна средина, по што во изминатиот период беше препознатлива општината, додаде Пекевски.

За своите напори да го задржи епитетот за најчист град, минатата година Берово од страна на Пакомак го доби признанието за најеко општина, признание кое на општината и обезбеди поголем број на еко-реквизити за подобра и почиста животна средина. вс/ки/

Back to top button
Close
Close