Дописници МКДОпштински вести

Во Берово објавен јавниот повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија и фондации

Во Берово e објавен јавниот повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија и фондации, проектиран на 500.000 денари од општинскиот буџет.

Берово, 2 март 2021 (МИА) – Во Берово e објавен јавниот повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија и фондации, проектиран на 500.000 денари од општинскиот буџет.

-Предвидената сума ќе биде наменета за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми (проекти) преку мерката за локален економски развој, туризам, заштита на животната средина, социјална кохезија, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, образование, култура и спорт, велат од Општината.

Средствата ќе се доделуваат согласно договорот на неколку дела, а рокот за реализација на проектите е до крајот на годината од денот на потпишувањето на договорот со Општина Берово.

-Во рок од 30 дена по завршувањето на своите програмски активности, најдоцна 31 јануари наредната година, здруженијата на граѓани и фондации по овој јавен повик се должни да доставуваат финансиски и наративен извештај за користењето на средствата до Општина Берово според дадените формулари за наративен и финансиски извештај, додадоа од Општината.

Заинтересираните своите пријави треба да ги достават до Одделението за локален еконосмки развој најдоцна до 15 март 2021 година, а повеќе детали за повикот може да најдат на општинската веб-страница. вс/мч/

Back to top button
Close
Close