Дописници МКДОпштински вести

Во Берово формиран Ромски културен центар ,,Романо Бијандипе”

Во Берово формиран Ромски културен центар ,,Романо Бијандипе". За претседател на здружението е избран познатиот музичар Џељо Дестановски, додека меѓу членовите на здружението е и виртуозот Бајса Арифовска.

Берово, 3 февруари 2021 (МИА) – Во Берово формиран Ромски културен центар ,,Романо Бијандипе”. За претседател на здружението е избран познатиот музичар Џељо Дестановски, додека меѓу членовите на здружението е и виртуозот Бајса Арифовска.
-Идејата за формирање на Ромски културен центар потекнува од нашиот културен амбасадор Мило Дестановски кој работи и живее во Америка. Меѓу главните цели на Ромскиот културен центар е зачувувањето на ромската музика, традиција и култура која во последно време оди во надолна линија, истакна претседателот Дестановски.
Иицијативата ја поздрави и уметникот Бајса Арифовска, која додаде дека подобрата организација и поттикнување на младите за членување во фолклорни друштва и обновување на народни носии, би придонело за остварување на идеите на музичарите и претставување на ромската богата традиција преку културни настани.
За културниот амбасадор на Малешевијата, Мило Дестановски, состојбата на музичарите Роми од Берово, кои со ковид-пандемијата, беа меѓу најпогодените, придонесе за оваа  иницијатива да се реализира.
-Поради големиот интерес, целта е во иднина преку легализација на авторски права на нашите музичари, како и организирање на најразлични концерти и музички настани, музичарите да можат да придонесуваат за сопствен приход и културна афирмација на Малешевското богато музичко поднебје, дополни Дестановски.
Меѓу првите позначајни активности на Ромскиот културен центар „Романо Бијадипе“ е прославувањето на Светскиот ден на Ромите на 8 април, што годинава ќе се одбележи по 50-ти пат. Согласно условите кои ги дозволува пандемијата, во наредниот период, планирани се и голем број на културни настани, фестивали и музички работилници. вс/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close