БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Берлин одржан состанок меѓу преставници на Србија и Косово за железничко поврзување

Во Берлин е одржан состанок меѓу преставници на Србија и на Косово за обнова на железничкиот патнички и товарен сообраќај инициран од специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Белград, 27 јануари 2020 (МИА) Во Берлин е одржан состанок меѓу преставници на Србија и на Косово за обнова на железничкиот патнички и товарен сообраќај инициран од специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, за дијалогот меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Српските медиуми пренесоа дека претставници на Белград и Приштина денес во Берлин повеќе од три часа разговарале само за комерцијални теми, бидејќи услов на Белград за продолжување на политичкиот дијалог, под покровителство на ЕУ, е укинување на косовските таксите за Србија и БиХ.

Косовското Министерство за инфраструктура соопшти дека првата средба во Берлин со белградските власти за воспоставување на железнички сообраќај протекнала во „конструктивна дебата“.

-Имавме добри разговори. Направивме напредок и се согласивме успешно да ги завршиме разговорите во наредните денови, изјави Џем Весељи, директор на Одделот за копнен транспорт во косовското Министерство за инфраструктура и транспорт.

Српската делегација, предводена од директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, беше составена од претставници на ресорното министерство и експерти од областа на железничкиот сообраќај.

Косово, според албанските медиуми, го претставувале Џем Весељи и Рам Купева, надлежен за патната инфраструктура.

Железничкиот сообраќај помеѓу Косово и Србија во прекин е повеќе од две децении.

Средбата била организирана со помош на Ричард Гренел, специјален претставник на Претседателството на САД за нормализирање на односите меѓу Белград-Приштина.

Гренел минатата недела за време на посетата на Белград и на Приштина најави постигнување на договор за железничко сообраќајно поврзување, откако во Берлин претходно е постигната согласнст за воведување на воздушен сообраќај меѓу Белград и Приштина. об/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close