ЕвропаЕвропа.Портал

Во Белорусија уапсени блогери блиски до опозицијата

Белоруските власти отворија истраги против четворица притворени блогери, блиски до опозицијата, соопштија денеска активисти за човекови права.

Минск, 26 јуни 2020 (МИА)Белоруските власти отворија истраги против четворица притворени блогери, блиски до опозицијата, соопштија денеска активисти за човекови права.
„Дознавме дека се отворени четири истраги против блогерите“, соопшти Центарот Вјасна, кој се занимава со заштита на човековите права.
Игор Лосик, авторот на апликацијата Телеграма, која ја следат околу 170.000 луѓе, беше уапсен вчера, а неговиот дом беше претресен. Тој е под истрага за организирање настани што го нарушуваат јавниот ред и се соочува со казна затвор до три години.
Блогерите Сергеј Петрухин и Владимир Неронски се уапсени од истите причини, додека видео-блогерот Владимир Цигановиќ беше уапсен како дел од кривична истрага, но детали за неговиот случај не се познати.
Властите минатата недела го уапсија потенцијалниот претседателски кандидат Виктор Бабарико, кого многумина го сметаат како најголем ривал на Александар Лукашенко. Бабарико е поранешен директор на руската банка „Белгазпромбанк“.
Лукашенко (65) управува со земјата, со 9,5 милиони жители, од јули 1994 година. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close