БалканБалкан.Портал

Во Белград и вечерва се собираат граѓани на протест

Неколку минути пред 19 часот пред српското Собрание и вечерва почнаа да се собираат демонстранти за да го искажат својот револт против српските власти.

Белград, 11 јули 2020 (МИА) – Неколку минути пред 19 часот пред српското Собрание и вечерва почнаа да се собираат демонстранти за да го искажат својот револт против српските власти.

Српските медиуми јавуваат дека во готовност се неколку стотици полицајци, со опрема и во цивил, како и припадници на жандармеријата.

И во паркот Пионир се собираат луѓе, а во последните неколку минути стигнала и поддршка за новинарите, односно демонстранти со транспарент „не тепајте новинари“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close