ЕвропаЕвропа.Портал

Во Австрија издадена уредба за постепено враќање на економијата

Во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците за градежни и градинарски материјали, како и сите други продавници со максимална површина до 400 метри квадратни.

Виена, 10 април 2020 (МИА) – Во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците за градежни и градинарски материјали, како и сите други продавници со максимална површина до 400 метри квадратни.

Тоа е предвидено со уредба издадена од министерот за здравство Рудолф Аншобер, која се однесува на постепено повторно придвижување на економијата, односно отворање на продавниците кои беа затворени поради рестриктивни мерки во борбата против коронавирусот.

Според таа уредба, продавниците ќе работат од 07:40 до 19 часот.

Трговските центри ќе останат затворени до мај, како што беше претходно најавено во планот за постепено враќање во нормала. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close