СветСвет.Портал

Во Австралија се уште беснеат пожари, расте бројот на жртви

Денеска е потврдена и третата жртва од разорните пожари кои оваа недела го зафатија југоисточниот брег на Австралија, а едно лице се води како исчезнато.

Сиднеј, 1 јануари 2020 (МИА) – Денеска е потврдена и третата жртва од разорните пожари кои оваа недела го зафатија југоисточниот брег на Австралија, а едно лице се води како исчезнато.

Вкупно 12 луѓе, меѓу кои и тројца пожарникари доброволци, досега загинаа во пожарите кои со месеци горат низ Австралија.

Проследени со вискоки температури, огнот и чадот претходните два дена примораа илјадници жители и туристи од крајбрежните градови засолниште да побараат на плажите.

Австралија денеска распореди воени бродови и авиони за да им помогне на заедниците опустошени од пожарите кои уништија куќи и раселија илјадници жители. јт/ 

Таг
Back to top button
Close
Close