Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Авганистан рекорден број на заразени со коронавирусот во еден ден

о Авганистан во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 860 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу новозаболени во еден ден во оваа земја.

Кабул, 31 мај 2020 (МИА) – Во Авганистан во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 860 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу новозаболени во еден ден во оваа земја.

Според податоци на Министерството за здравство на Авганистан, вкупно се заразени 14.525 луѓе, а од почетокот на пандемијата починале 249 лица.

Сепак, како што наведува Би-Би-Си, постојат оправдани сомнежи дека бројот на заразени и починати е многу поголем од официјалниот, затоа што здравствениот  систем во Авганистан е во колапс. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close