СветСвет.Портал

Во Авганистан наскоро почнува ослободување на талибански затвореници

Талибанците најавија дека авганистанската Влада ќе почне да ослободува талибански затвореници кон крајот на месецов, а висок владин претставник потврди дека процесот ќе започне „во рок од седум дена“.

Кабул, 26 март 2020 (МИА) – Талибанците најавија дека авганистанската Влада ќе почне да ослободува талибански затвореници кон крајот на месецов, а висок владин претставник потврди дека процесот ќе започне „во рок од седум дена“.

Таквиот потег би можел да го отстрани клучниот фактор во застојот на преговорите меѓу Владата и бунтовниците во рамки на мировниот процес со посредство на САД.

– На состанокот е одлучено дека ослободувањето на затворениците треба да почне до крајот на март, напиша на Твитер талибанскиот портпарол Сухаил Шахин, повикувајќи се на виртуелниот состанок на кој присуствувале талибански и владини претставници.

Според Шахин, на состанокот учествувале и американски и катарски претставници, како и членови на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, додавајќи дека талибанците ќе испратат свој тим во притворскиот центар Баграм, каде се затворени многу нивни припадници. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close