Дописници МКДХроника

Во јануари годинава казни за 1 681 различни видови сообраќајни прекршоци  

Вкупно откриени и законски санкционирани се 1 681 различни видови неисправност, односно сообраќајни прекршоци во сите денови од јануари, евидентира службата за аналитика при СВР Тетово.  При редовни, засилени и акциски  контролни активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 49 возила како и 204 возачи.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Вкупно откриени и законски санкционирани се 1 681 различни видови неисправност, односно сообраќајни прекршоци во сите денови од јануари, евидентира службата за аналитика при СВР Тетово.  При редовни, засилени и акциски  контролни активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 49 возила како и 204 возачи.

 -Најмногу од исклучените возила (41) имале истечена регистрација над 30 дена, кај седум била утврдена техничка неисправност и кај едно возило претовар. Од 204 возачи, 120 управувале без возачка дозвола, 36 под дејство на алкохол, 35 возачи-почетници, двајца со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 54 возачки и 40 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 147 непрописно, односно погрешно паркирани возила.   Во јануари, исто така, времено се одземени се и 22 возила поради истечена регистрација повеќе од шест месеци.

 -Што се однесува,пак, до сообраќајните несреќи нивниот број минатиот месец изнесувал вкупно 65 и е за 7 помалку во споредба со минатогодишниот јануари.Во нив, значително помал е и бројот на загинати (1) и тешко и лесно повредени лица(33), вели портпаролот.

 Четириесет и осум од несреќите биле во населено место, а 17 на отворен пат, додека најчести причини  се неприлагодена брзина (22) и неправилно вршење на дејствие (21).На тетовските улици (32) и автопатот (21) се случиле најмногу од несреќите. ас/ки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close