Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во антивладините протести во Бејрут повредени 150 луѓе

Повеќе од 150 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на Парламентот

Бејрут, 19 јануари 2020 (МИА) – Повеќе од 150 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на Парламентот.

Судирите почнаа кога дел од демонстрантите фрлаа камења, сообраќајни знаци и петарди врз припадниците на безбедносните сили.

Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што изби во протестниот камп во центарот на градот. Се уште не е познато што го предизвика пожарот.

Претседателот на Либан, Мишел Аун побара од армиските и полициските командатни да воспостават мир во Бејрут и да ги заштитат мирните демонстрани, како и јавната и приватната сопственост.

Протестите во Либан против политичките елити, што се на власт од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990) траат веќе три месеци, а демонстрантите ги обвинуваат политичарите за корупција и за лошо владеење. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close