0_Спорт.ПорталФудбал

Во Англија сакаат да го зголемат бројот на замени по рестартирањето на сезоната со цел да се минимизираат повредите

Тренерите на клубовите во Премиер лигата и пониските англиски фудбалски лиги се за зголемување на бројот на замени за време на натпреварите по продолжувањето на сезоната, суспендирани поради коронавирус.

Лондон, 2 април 2020 (МИА) – Тренерите на клубовите во Премиер лигата и пониските англиски фудбалски лиги се за зголемување на бројот на замени за време на натпреварите по продолжувањето на сезоната, суспендирани поради коронавирус.

Тренерите ја потврдуваат идејата со фактот дека без соодветна обука за рестартирање и во тесен календар, играчите може да бидат подложени на голем број повреди.

На натпреварите што се одржуваат под покровителство на ФИФА или националните федерации, максималниот број на замени во редовно време е ограничен на три. При играње продолженија, дозволена е четврта замена. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close