Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Англија од петок задолжително носење маски во продавниците

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најави дека носењето заштитни  маски или други средства за покривање на устата и носот во продавниците и супермаркетите во Англија ќе биде задолжително од петок.

Лондон, 14 јули 2020 (МИА) – Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најави дека носењето заштитни  маски или други средства за покривање на устата и носот во продавниците и супермаркетите во Англија ќе биде задолжително од петок.

Вработените во тие објекти нема да бидат одговорни да го контролираат спроведувањето на таа мерка туку полицијата.

Според „Скај њуз“, сите оние кои не го почитуваат тоа правило, ќе треба да платат казна до 100 фунти или 50 фунти доколку казната се плати во рок од 14 дена.

Со воведувањето задолжително носење маски, против-епидемиските правила што се применуваат во продавниците во Англија ќе бидат изедначени со оние што веќе се применуваат во возила за јавен превоз, односно на сите јавни места во Шкотска и околу 120 земји, вклучително и Германија, Шпанија, Италија и Грција. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close