Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Албанија денеска завршува вонредната состојба

Во директната комуникација преку Фејсбук, министерката Огерта Манастирлиу рече дека завршувањето на вонредната состојбата нема да ја намали подготвеноста во справувањето со опасниот вирус, бидејќи „земјата продолжува да биде во состојба на епидемија“.

Тирана,23 јуни 2020 МИА) – Во Албанија денеска на полноќ завршува вонредната состојба поради „природна непогода“ прогласена заради пандемијата со Ковид-19.

Во директната комуникација преку Фејсбук, министерката Огерта Манастирлиу рече дека завршувањето на вонредната состојбата нема да ја намали подготвеноста во справувањето со опасниот вирус, бидејќи „земјата продолжува да биде во состојба на епидемија“.

-Доколку има зголемување на случаите на интензивна терапија, повторно ќе ја отвориме болницата Ковид2, односно поранешниот санаториум, а во следното сценарио, ако бројките ги надминуваат овие капацитети, ќе се премине во карантин болницата Ковид 4,која е на автопатот Тирана-Драч, рече министерката.

Додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, донесол одлука за воспоставување на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз, врз основа на предвидените протоколи и упати апел за почитување на мерите за заштита.

-Како што знаете, епидемиолошката состојба во земјава има зголемен тренд, во последните неколку недели, како во однос на зголемениот број на позитивни дневни случаи, така и хоспитализирани во клиниката за Инфективни болести. Повторно апелирам да се подигне свеста кај сите вас, одржување на физичкото растојание,носење заштитни маски, одржување на лична хигиена, избегнување групирања и собири ,порача Манастирлиу.

Албанската Влада вонредната состојба ја прогласи на 24 март поради „природна непогода“ на целата територија на земјата и тоа за период од 30 дена, односно до 25 април.

По барање на Владата албанскиот законодавен дом на 23 април одлучи вонредната состојба во земјата да продолжи до 23 јуни. Тогаш Албанија броеше 634 заразени лица, а според денешните податоци има 2.047 лица. вт/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close