Внимателно возење низ котлините, речните долини и клисурите поради појава на магла
Прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони е денешната препорака на АМСМ до возачите.