Политички партии

ВМРО-НП Охрид со иницијатива за изградба на Музеј на езерото

Согласно определбата и заложбите на ВМРО Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на Општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО Нродна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на Езерото.

Скопје, 20 август 2020

Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.

Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и исто така ќе претставува нова туристичка понуда.

Овај проект е самоодржлив и ќе биде прв од ваков вид во регионот.

Како локација  ги предложуваме дел од катастарските парцели 5642/4 и 5646/2

ВМРО – Народна партија Охрид

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close