Политички партии

ВМРО-НП ги поддржува предложените законски измени за забрана на увоз на отпад

ВМРО-Народна партија упатува поддршка за предлог законските измени со кои се забранува увоз на отпад кој би се корител како енергенс во производството.

 Скопје, 25 јанаури 2020

ВМРО-Народна партија упатува поддршка за предлог законските измени со кои се забранува увоз на отпад кој би се корител како енергенс во производството.

ВМРО-Народна партија смета дека ваквите измени мора да се донесат час поскоро, поради немањето адекватна контрола како во државите од ЕУ но и поради досегашната неконтролирана употреба, ситуацијата е алармантна и притоа во иднина да не се дозволи свесно да се загадува воздухот испуштајќи штетни честички при процесот на преработка над законски дозволената количина.

Воедно ВМРО-Народна партија и апелира до сите политички субјекти безрезервно да го поддржат овој предлог и конечно да се стави крај на самоуништувачкиот процес во однос на загадувањето на животната средина.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close