Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше 5% раст на економијата, а две години не може да мрднеме над 2.5%

Зоран Заев ветуваше раст на економијата од 5%, а 2 години не можеме да мрднеме над 2.5%. Нема инвестиции, нема отворање на нови работни места.

Скопје, 1 февруари 2021 

Зоран Заев ветуваше раст на економијата од 5%, а 2 години не можеме да мрднеме над 2.5%. Нема инвестиции, нема отворање на нови работни места.

Само минатата година без работа останале 55.000 лица, ако беа успешни мерките на Заев од таканаречените антикризни пакети, сега ќе немавме толкава бројка од луѓе на улица.

Заев се фали со измислени бројки, кои само тој ги разбира, и во кои само тој верува. Реалноста е дека Македонија тоне.

1.5 милијарди евра нов долг за една година.

Буџетскиот дефицит само во месец декември изнесува 225 милиони евра, што е повеќе од буџетскиот дефицит во целата 2019 година, кој што изнесуваше 222 милиони евра.

Мерките на Заев ја носат Македонија кон дното.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close