0_Македонија.ПорталПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Манчевски во очај повторуваат излитени фрази

Очигледен е стравот на СДСМ од претстојниот пораз на парламентарните избори. Секој ден на виделина излегуваат криминалите, корупцијата и неспособноста на кадрите на СДСМ кои што ги водеа и ги водат институциите во Македонија.

2 февруари 2020 

Очигледен е стравот на СДСМ од претстојниот пораз на парламентарните избори. Секој ден на виделина излегуваат криминалите, корупцијата и неспособноста на кадрите на СДСМ кои што ги водеа и ги водат институциите во Македонија.

Затоа е потребата на СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски жолчно и во очај да повторуваат излитени фрази. Граѓаните тоа го гледаат и им станува јасно со секој поминат ден колкава криминогеност и неодговорност постои во СДСМ. Заради нивната некадарност Македонија е на 106 место по перцепцијата на корумпираност, најлоша во Европа, заради Заев Македонија е хибриден режим, а заради лажните ветувања на СДСМ граѓаните од без перспективност ја напуштаат масовно државата, заради Луи Витон судството граѓаните ја губат довербата во институциите.

Сето ова ќе се смени по 12 април кога пораз ќе доживее политиката на Заев и ќе почне обновата на Македонија. Поразите, неуспесите и падовите се одлика на власта на Заев. На 12 април граѓаните ќе кажат Заев никогаш повеќе.

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close