Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е спремен да жртвува се, само за да има полесен пораз на избори

Зоран Заев денеска го покажа вистинското лице на хибридниот режим. Заев би го жртвувал и здравјето на граѓаните, само за да извлече политички бенефит.

Скопје, 13 мај 2020 

Зоран Заев денеска го покажа вистинското лице на хибридниот режим. Заев би го жртвувал и здравјето на граѓаните, само за да извлече политички бенефит.

Заев е спремен да жртвува се, само за да има полесен пораз на избори.

Точно е дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголем од тој на СДСМ тоа впрочем го знае и Заев, но ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на избори кои ќе значат макар и еден заразен граѓанин повеќе.

Потребно е обезбедување на целосно безбедни избори, од аспект на запазување на здравјето на граѓаните.

Само за да го намали поразот Заев е спремен и да го жртвува здравјето на илјадници граѓани.

Апсурдите на Заев се гледаат и од неговиот став дека не сака избори сред лето затоа што е многу топло. Јасно е дека Заев сака избори што е можно побргу за да го минимизира поразот, без разлика колку луѓе од тоа би настрадале.

Заев не го боли литијата во Струга, туку тоа што Наќе Чулев влезе во магацините каде неговиот брат Вице Заев делеше поткуп среде Струмица.

Заев и СДСМ три месеци покажуваат како не треба да се води држава.

Економијата е на колена. Мерките кои ги најавуваа на големо не вродија со плод. Македонија за своето стопанство одвојува најмалку во споредба со целиот регион, но задолжувањата не престануваат само во првите три месеци секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.

Акцизата за горивото кое Заев ја нареди допринесе граѓаните да плаќаат најскапо гориво во регионот. Краде од народот за да даде на тајкуните блиски до него.

Заев и СДСМ ја фрлија Македонија во хаос, а граѓаните во сиромаштија и беда.

Три години Заев. Три години хибриден режим.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close