Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да ги праша сопартијците дали сите се согласуваат со дополнителен договор со Бугарија?

Демократизирањето на СДСМ се сведува на она што ќе го науми и каже Зоран Заев.

Скопје, 26 октомври 2020 

Демократизирањето на СДСМ се сведува на она што ќе го науми и каже Зоран Заев.

Заев да престане да глуми демократија, туку да си ги праша сопартијците дали сите се согласуваат со дополнителен договор со Бугарија?

СДСМ губи драгоцено време додека луѓе умираат од неспособноста на нивните функционери, тие уште се занимаваат што прави Христијан Мицкоски.

На СДСМ и порачуваме доколку навистина сака да биде демократска партија и да се отвори кон сопственото членство, да каже дали го поддржуваат Заев во неговите намери да тргува со Делчев и македонскиот јазик, или ќе застанат до ставот на граѓаните дека Гоце Делчев и македонскиот јазик не смеат да бидат предмет на трговија?

Ниедни статутарни измени кои Заев ќе ги донесе во СДСМ нема да го избришат срамот од лагите дека идентитетот и македонскиот јазик се бетон, кога во најава се нови измени за продавање на Гоце Делчев.

Заев ниту е транспарентен, ниту отчетен политичар, да беше немаше да се крие и молчешкум да тргува и анексира договори.

Не кукавички, туку Заев и СДСМ да се охрабрат и да кажат дали ќе го продадат Гоце Делчев со анекс и повторно ќе го лажат народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close