Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица се одвива хуманитарна акција каде што СДСМ ја користи кризата за да им се додвори на социјално зависните граѓани

Граѓани се борат за здравјето или го губат своето работно место, но власта на СДСМ е во предизборна кампања.

Скопје, 4 мај 2020

Почитувани,

Сите ние се соочуваме со кризата од Ковид-19.

Граѓани се борат за здравјето или го губат своето работно место, но власта на СДСМ е во предизборна кампања.

Во Струмица очигледно се одвива хуманитарна акција која основано фрла сомнеж дека СДСМ ја користи кризата за да им се додвори на социјално зависните граѓани во пресрет на изборите.

Активисти на СДСМ се стават над законот и во време на карантин подготвуваат партиски брендирани пакети наменети за социјално загрозените лица.

Струмица не е дел од Африка ниту Латинска Америка па да изразиме благодарност на едно семејство за хуманитарна акција во храна.

Поготово за семејство што веќе 20 години се на власт во Струмица.

Па уште од партија која се декларира за социјална и затоа поставиме повеќе прашања:

Колку средства се употребени во оваа акција и има ли потекло на парите и на производите? Одговорот треба да биде првa задача на човек кој ги има сите полуги на власта во земјата.

Колку и кои граѓани имаат потреба од партиски брендирана картон храна за да преживеат, односно голем ли е нивниот број, што СДСМ како власт направивте да не ги донесете на ниво на таква зависност?

Кој ќе ја сноси одговорност за ваквата лоша политика ако гласовите се компензираат со картон храна?

Акцијата треба да се одвива преку организацијата на Црвениот крст или други познати хуманитарни организации и преку центрите за социјална работа кои ги познаваат граѓаните наместо да се одвива преку кризен штаб.

Прашањето е заради што граѓаните од општината или партијата би се обраќале со барање за храна?

Се потврдува сомнежот дека ваквата поврзаност укажува на траен карактер.

Станува јасно што се случува на политичката сцена во Струмица и регионот веќе две децении.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close