Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во ек на пандемија СДСМ се луксузира

Забеганоста на власта предводена од СДСМ нема крај. Во ек на пандемија и економска криза Владата на СДСМ се луксузира.

Скопје, 26 април 2020

Забеганоста на власта предводена од СДСМ нема крај.

Во ек на пандемија и економска криза Владата на СДСМ се луксузира.

Додека граѓаните немаат леб за јадење, власта се дрзнува да набавува 3 тони кафе како и пола тон апетисани.

Додека граѓаните умираат од вирусот Ковид-19 и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните.

Во ек на пандемија СДСМ си мести тендери на свои блиски. Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра.

А, како резултат од работата на владејачката партија се над 100 илјади граѓани кои се соочуваат со отказ, граѓани оставени без приходи и претпријатија пред колапс.

А, угостителите веќе втор месец се без работа. Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат.

Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата.

Економијата за која Заев и Ангеловска тврдеа дека блеска колабираше по само два месеци криза.

За сето ова што се случува граѓаните ќе го казнат СДСМ. Крајот на СДСМ се ближи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close