0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема економски план

Власта нема економски план - 40.000 невработени, една милијарда задолжување, поскапа струја и пропадната банка од 200 милиони евра, за само неколку месеци. Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес-конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Власта нема економски план – 40.000 невработени, една милијарда задолжување, поскапа струја и пропадната банка од 200 милиони евра, за само неколку месеци. Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес-конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Сите пари кои ги позајмија ги потрошија на поткуп за избори, но и за нивните сопствени фирми, а за спасување на работни места немаше ниту денар, затоа имаме 40.000 невработени. Наместо народот пари од државата како антикризни мерки добија фирмите на Нина Ангеловска и Заеви, а народот остана без пари, се вели во реакцијата на партијата.

Натаму, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ буквално ги искористила институциите за сопствен интерес, а „грабежот врз народот за сопствен џеб продолжува затоа и ја поскапуваат струјата за да имаат за тендери на нивните финансиери и блиски фирми“.

-За камиони со струмички таблици да вртат во РЕК, и струмичка агенција за обезбедување да испумпува милиони од универзалниот снабдувач. За бизнисот да тече во РКЕ се партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев, кои во името на Заев ја поскапуваат струјата и овозможуваат бизнис интересите да се одвиваат непречено. Мафијата, криминалот и владата во Македонија се едно исто, затоа мора да паднат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. нд/лв/

Back to top button
Close
Close