Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го заборави административниот и помошниот персонал во здравството

Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните. Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите.

Скопје, 8 јануари 2020 

Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните.

Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите.

На докторите специјалисти им ветуваше плата од 100 илјади денари, но им даде само трошки. Ветените 100 илјади денари за доктор специјалист останаа само сон.

Денеска Филипче повторно се пофали со трошките, зошто ветените 100 илјади денари ги нема.

Притоа Филипче го заборави административниот и помошниот персонал во здравството.

И наместо со реализирање на ветеното, медицинскиот персонал остана со лагите на владата на СДСМ и Филипче.

На 12-ти април ќе се стави крај на министерувањето и лагите на Филипче, и ќе започне обнова во здравствениот систем.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close