Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неорганизирана, а тоа може да чини човечки животи

СДСМ и Филипче се во хаос и нема вистински мерки за зголемување на здравствените капацитети и заштита на животите на граѓаните и медицинскиот персонал.

Скопје, 1 април 2020

СДСМ и Филипче се во хаос и нема вистински мерки за зголемување на здравствените капацитети и заштита на животите на граѓаните и медицинскиот персонал.

Бројот за заразени од корона вирус секојдневно се зголемува. Според последните податоци во државата има 44 нови случаи и 2 смртни случаи.

Светската здравствена организација секојдневно препорачува да се тестираат што поголем број на граѓани, но загрижува податокот што во текот на 24 часа е ограничен бројот тестови. загрижува и податокот што медицинскиот персонал кој е најмногу изложен на ризик се соочува со недостаток на медицинска опрема.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки во врска со справување со пандемијата на корона вирусот.

Ургентно да се преземат мерки за обезбедување на соодветна опрема за персоналот и негова заштита, штедење на истиот, преку точно подготвен и испланиран Бел план за функционирање на здравствените институции.

Рестриктивни мерки и прогласување на карантин во градовите со најмногу инфицирани и заболени пациенти, Скопје, Куманово и Струга.

Подготовка на големите спортски објекти како арената „Борис Трајковски“ за примање и згрижување на поголема група на пациенти. Тоа да биде направено по примерот на соседните главни градови Софија, Белград и Загреб.

Да се продолжи со барање на меѓународна помош која би била во опрема, материјали и експерти.

ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата. Здравјето на граѓаните пред се и над се.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close