Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и Филипче не направија ништо за домашната и итната медицинска помош

Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата.

Скопје, 20 јануари 2020

Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата.

Не направија ништо за домашната и итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош посебно во подрачјето на Скопје беше преполовена.

Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од страна на СДСМ пред да дојдат на власт.

Освен доцнење на услуги, несоодветни услуги поради заминување на медицински персонал, граѓаните не добија ништо друга од оваа ненародна влада.

За сето ова СДСМ и Филипче ќе одговараат. Ќе одговорат за поразите, измамите и криминалите од нивна страна. По 12 Април следува обнова на Македонија и одговорност за нивното „работење“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close