Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ:Владата на СДСМ ја втурна Република Македонија во рецесија

Зоран Заев создаде богата влада, сиромашен народ. Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа,а најсиромашен народ

Скопје, 9, септември 2020

Владата на СДСМ ја втурна Република Македонија во рецесија.

Зоран Заев создаде богата влада, сиромашен народ. Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа,а најсиромашен народ

Додека граѓаните на Република Македонија се сиромашни и гладуваат, Заев и неговата влада се гоштеваат со октоподи и скапи пијалоци.

Поради Заев и СДСМ јавниот долг на Република Македонија е енормно зголемен од нивното доаѓање на власт, од третиот квартал во 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8%.

А, пак државниот долг од 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година е зголемен од 3 милијарди 958 милиони на 5 милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3%.

Катастрофалните мерки на оваа власт предизвикаа драстичен пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година.

Поради СДСМ Македонија бележи и пад во индустријата, увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за над 40.000 лица.

Наместо помош Заев на граѓаните им понуди покачена струја за 7,5%.

Заев со неговите мерки и политики успеа само својот и џебовите на неговите најблиски да ги наполни на сметка на граѓаните.

Но на ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест. Во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close