Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со Законот за јавно обвинителство, СДСМ сака да се спаси за сторениот криминал

Законот кој СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ.

Скопје, 31 јануари 2020

Законот кој СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ.

СДСМ сакаат да го донесат овој закон набрзина за да се спасат за рекетот, корупцијата, наместените тендери и сиот сторен криминал овие години.

Со нацрт законот за јавно обвинителство на СДСМ не се согласува ниту експертска јавност.

ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе Закон за јавно обвинителство согласно меѓународните стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи рефеорма на целокупното јавно обвинителство. Закон со кој идниот обвинител нема да замижува пред скандали како Леонардо, Рекет 2 и Рекет 3, Сархемс и слично.

Времето на селективна правда и штитење на криминалот на СДСМ и Заев завршува.

На 12 Април следува одговорност.

СДСМ и Заев никогаш повеќе.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close