Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со фактот што бара продолжување на вонредната состојба, власта знае дека нема услови за избори

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба. 

Скопје, 15 мај 2020

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба. 

Самиот факт што вонредната состојба се продолжува на барање на Филипче и Комисијата за заразни болести е показател дека СДСМ, иако е свесна дека нема услови сака да оди на избори за да минимизира пораз, па макар и по цена на здравјето на граѓаните и нивните животи. 

Барањето на избори и лиферувањето на дати од една страна, и барањето за продолжување на вонредната состојба од друга страна, е показател за конфузноста, но и доказ дека не можеме да имаме фер претставување на сите учесници на една состојба во изборната трка во ситуација на криза.  

Токму затоа е важно дефинирање на датум, кој ќе произлезе откако претходно ќе се отклонат опасностите по здравјето на луѓето, според кој ДИК ќе може да ги планира активностите. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close