Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место

Власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочека новиот податокот за високиот број на невработени. Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно.

Скопје, 6 септември 2020

Власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочека новиот податокот за високиот број на невработени.

Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно.

Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли додека 40.000 луѓе ново невработени немаат ни за леб.

Во вториот квартал од 2020 година, Македонија бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција.

Заев не знае како да донесе развојна економија.

Брановите на отпуштања ќе продолжат и економијата ќе продолжи да тоне, заради преголемите лаги на СДСМ и изманипулираните граѓани кои веруваа во 500 евра плата и подобар животен стандард.

На изборен поткуп се потроши милијарда евра оваа влада, а ниту стопанството се спаси од криза, ниту граѓаните имаат повеќе пари, единствено само сиромаштијата е зголемена. Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ.

Бизнисмените молат за помош, лозарите се игнорираат, текстилците се на работ на преживување, а секојдневните масовни протести низ градовите заради зголемување на цената на електричната енергија се вистинскиот лик за оваа влада која нема идеја како да ја води државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close